Вчера, околу 18 часот, на подрачјето на Гевгелија, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода 39-годишниот И. К. од село Моин, Гевгелиско, извести МВР.
„Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа ‘Затвор Идризово’ поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување речиси четири години од казната“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.