Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возач на мопед тешко повреден во Прилепско, изгубил контрола и удрил во паркирано возило

Во текот на вчерашниот ден, во 22.30 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на улицата Капетан Игор Ѓорески во с. Обршани, општина Кривогаштани, И. К. (39) од с. Крушеани, општина Кривогаштани, управувајќи мопед, со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „ситроен“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А. Ш. (45) од с. Обршани.

По несреќата, И. К. бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК

Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

ДЕСК