Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Изминатото деноноќие имало 23 пожари, четири се уште се активни

Во изминатото деноноќие на територијата на државата имало вкупно 23 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи.

19 пожари се изгаснати, но четири се и понатаму активни, велат од ЦУК.

Се уште гори во село Елово, општина Студеничани, во село Мелница, општина Чашка каде гори букова шума, помеѓу Ново Село и Долно Татеши во општина Струга и кај местото викано Тепсија, во општина Битола.

Можеби ќе ве интересира

Кривични пријави и приведувања за уште четири други возачи, фатена и жена под дејство на 1.9 промиљи алкохол

ДЕСК

Денеска го славиме Светиот апостол Акила

ДЕСК

Шукова: На Скопје му требаат затворени и модерни пазари, ова е еден од моите проекти за градот

ДЕСК