15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка кражба во куќа во гостиварско Форино, приведен крадецот

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 19 часот и 50 минути во Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот С.С. од Република Албанија, извести МВР.

– Тој се сомничи дека на 7 август годинава извршил тешка кражба во куќа во гостиварско Форино, велат од МВР.

С.С. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

C +

Филипче: Странска акредитирана лабораторија да направи испитувања на квалитетот на воздухот, водата и почвата

C +

Филипче: Одговорност и оставки од министрите за здравство и за внатрешни работи

C +