Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поведена постапка за насилство кон новинарската екипа на „Алсат“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 53-годишник, на 21 август, во Старата скопска чаршија, најпрвин упатил закани и навреди, а потоа и физички нападнал новинарска екипа на телевизијата „Алсат-М“. Со тупаници го удрил снимателот по главата и телото, а кај двете новинарки предизвикал чувство на вознемиреност и страв. Во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, по наредба на јавен обвинител, обезбедени се снимки од видеонадзор од околните објекти.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа на осомниченото лице, како и забрана за остварување контакти со сведоците и со оштетениот“, посочија од Основното јавно обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Кривични пријави и приведувања за уште четири други возачи, фатена и жена под дејство на 1.9 промиљи алкохол

ДЕСК

Денеска го славиме Светиот апостол Акила

ДЕСК

Шукова: На Скопје му требаат затворени и модерни пазари, ова е еден од моите проекти за градот

ДЕСК