23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата во Прилеп „фати“ рекордер: Возел со 4,55 промили алкохол во крвта

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот утрово на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 58 возачи од кои 29 во Прилеп, 13 во Битола, 6 во Крушево , 5 во Македонски Брод, 3 во Ресен и 2 во Демир Хисар.

Во Прилеп е санкциониран и возач кај кого се измерени 4,55 промили алкохол.

За време на контролата биле санкционирани и 42 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.