Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Жител на Швајцарија удрил пешак и побегнал, пешакот починал

Вчера вечерта во 20.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, на излез од Скопје, Џ.И.(20) од Скопје, со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди“ со швајцарска национална ознака, удрил пешакот Г.С.(54) од с.Пчиња, кумановско, по што го оставил возилото и го напуштил местото.

Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Околу 21.40 часот, Џ.С. сам се јавил во Општа болница Куманово каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

ДЕСК

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК