Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Кичевско, пронајдени пушки и муниција

Вчера попладне, во 16 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 57-годишниот Ќ. Г. од село Осој, Кичевско, извести МВР.

„При претрес во неговиот дом во с. Осој, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин ЦЗ, една ловечка пушка, 67 куршуми во различен калибар, направа за изработка на патрони, две кутии со метални топки, 62 иницијални каписли, кеса со метални сачми, кеса со хартиени тапи и две кеси со зрнеста материја“, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.