Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

154 сообраќајни прекршоци во Скопје, 18 технички неисправни возила во јавниот превоз

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила“, известуваат од МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.