1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсени Србин и Полјак на две македонски граници, биле барани од „Интерпол“

Ноќеска во 02.30 часот на Граничниот премин „Пелинце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(31) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во оперативната евиденција е на Стоп-листа, односно се бара по телеграма од Интерпол-Австрија.

„Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Вчера пак, во 12.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.С.(54) од Република Полска, затоа што при извршена проверка било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“ по телеграма од Интерпол.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителен акт против шест лица за фалсификување пари

ДЕСК

Мицкоски: Најавувам 8 нови инвестиции за нови вработувања и посилен стандард

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Директни линии од и до Скопје од Мадрид, Стокхолм, Келн, Прага и Бари, се зголемува бројот на туристи, државата засилено се поврзува

ДЕСК