Можеби звучи лудо и чудно, но тоалетната хартија не мора нужно да се користи исклучиво за одржување на хигиената во бањата.
По лудилото за ставање тоалетна хартија во фрижидер, кое треба да ги реши проблемите на оние кои се борат со непријатните мириси во тој уред, „интернет експертите“ откриваат уште еден евтин „DIY“ трик со тоалетна хартија, но овој пат во спалната соба, т.е. гардеробата.
Веруваме дека на многумина им се случило перените алишта или постелнина, уредно наредени на полиците од плакарот, по извесно време да добијат непријатен мирис.
Можни се неколку причини: ако се стави чиста облека на полиците со извалкана, ако се стави недоволно исушена облека, ако се работи за старо и дотраено парче дрвен мебел, ако се појави влага, а следствено и мувла…
Покрај непријатниот мирис, влагата и мувлата ја уништуваат облеката и му штетат на здравјето на луѓето.
Поставувањето ролна тоалетна хартија на полиците на шкафот би можело да го реши проблемот.
Имено, целулозата ќе ја впие влагата и непријатните мириси, а доколку капнете неколку капки етерично масло на тоалетната хартија, по желба може да се користи и како миризлива кеса.