Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро „Глажња“ во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена, потврди Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи .
Во потрагата на момчето, кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро, беа вклучени шест нуркачи од единицата „Тигар“, осум нуркачи од единицата „Волци“, како и тимови и нуркари од ДЗС.
При потрагата асистираа и полицајци од СВР Куманово.