Македонската и европската агенда немаат разлика и единствениот што сака да ги одвои тие агенде е Христијан Мицкоски, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
„Она што е најфрапантно, ние за прв пат имаме политичар после 32 години независност, кој вели во јавна изјава дека европската агенда не е иста со македонската агенда, тоа до сега ниту еден политичар во државата не го . Тоа значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата и треба да го објасни, бидејќи нашите граѓани пред 32 години се определиле Македонија и тие со неа да станат дел од НАТО и дел од ЕУ. НАТО успеавме за тоа што донесовме тешка одлука, ќе успееме и во ЕУ, и затоа е почнат овој процес, меѓу тоа секој ќе треба да влезе во Собрание и да го каже својот став и да ја каже алтернативата, бидејќи нема разлика помеѓу европската агенда и македонската агенда за евроатланска интеграција“ порача Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека никој од страна на може да ги спроведе потребните реформи, туку дека тоа е обврска на домашните политички субјекти.
„Овие уставни измени се дел од преговарачка рамка и таа беше усогласена меѓу 27 земји членки на ЕУ и прифатено од македонското собрание од политичари од различни политички партии. Клучната порака е дека ако го погледнете дискурсот во јавната комуникација ќе видите дека нема ниту една забелешка на уставните амандмани, зошто? Бидејќи тие не задират во ниту едно идентитетско прашање, се работи за техничка измена на Уставот со која покрај постојните делови од народи кои се делови на нашата Преамбула се додаваат и делови од други народи кои до сега не биле дел од Преамбулата меѓутоа биле наведени под други во самата преамбула, и со тоа практично се демантираат сите оние невистини, лаги, хистерија што се креваше во текот на изминатата година во однос на тоа дека во Македонија ќе се случила бугаризација , асимилација и слично. Гледате дека тоа веќе не постои во јавниот дискурс освен од неколку платени руски ботови, таканаречени аналитичари па и некои политичари што тоа мораат заради финансиски средства да го зборуваат, меѓутоа нема никаква суштина“ заклучи Ковачевски.