21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пожари на повеќе локации низ Македонија – еве каде е најкритично

Денеска, до пред 10.00 часот утрово, во Центарот за управување со кризи немаше информации за активни пожари, по што стигна известување за пожар на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК во скопскиот регион. Пријавен е пожар на територија на село Страчинци. Во пријавата се вели дека се работи за пожар што брзо се шири и кон околните куки и дека, најверојатно се работи за пожар кој е подметнат. На терен веднаш е замината екипа од БППЗ да интервенира.

Инаку, во последното деноноќие, регионалните центри за управување со кризи, согласно информациите до нив, јавуваат за појава на пожари коишто биле локализирани и изгаснати.

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје во која се наведува дека во период од 16:45 до 19:15 часот со 6 пожарникари и 2 ПП возила интервенирале на запалена ниска вегетација и мешана шума во атарот на с. Пагаруша (Општина Студеничани).
Во текот на изминатото деноноќие имало уште 7 помали интервенции во околината на Град Скопје.

Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола во која се наведува дека во период од 14:25 до 15:25 часот со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенирале на запалена шупа во с.Кравари.
ТППЕ Прилеп известува дека во период од 11:56 до 12:38 часот со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенирале на запалена ниска вегетација на влезот во с. Кадино.
ТППЕ Ресен известува дека во период од 16:26 до 17:20 часот со 4 пожарникари и 2 ПП возила интервенирале на запалена мешана шума над населбата „Пролет“ во Ресен.
ТППЕ Демир Хисар известува дека во период од 16:50 до 17:05 часот со 4 пожарникари и 2 ПП возила интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на ул. „Партизанска“.

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека ТППЕ гевгелија во која се наведува дека во период од 14:03 до 15:45 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација капини и трски кај м.в. Ќупот во близина на с. Моин опожарена површина од 0,5 ха
ТППЕ Струмица во текот на изминатото деноноќие имала уште две помали интервенции поради ниска вегетација и тоа кај с. Ангелци и поради запалена депонија во с. Банско во гаснењето на пожарите интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари.
– Во период од 20:05 до 22:05 часот интервенирале на запалено стрниште во атарот на с. Василево го гаснењето на пожарот интервенирале со 2 ПП возила и 5 пожарникари опожарена површина 0.5 Ха (Општина Струмица)
– Во период од 21:50 до 00:10 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во м.в. Сува река во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 3 пожарникари опожарена површина 0.2 Ха (Општина Валандово)

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека ТППЕ Свети Николе, од 15:30 до 17:30 часот, гаснеле запалено ниска вегетација и нискостеблести растенија и дрвја на влезот на градот, патен правец Овче Поле – Свети Николе во гаснењето на пожарот интервенирале со 3 ПП возила и 8 пожарникари.

Регионалниот ЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Струга во која се наведува дека во период од 02:55 до 11:55 часот со 3 ПП возила и 10 пожарникари интервенирале на пожар на дрвени бараки на ул.„Боро Хаџиески“ во Струга.

Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кочани, во која се наведува дека во период од 11:40 до 16:40 часот интервенирале на запалена нискостеблеста шума, ниска вегетација и стрниште кај с. Соколарци во гаснењето на пожарот интервенирале со 4 ПП возила и 12 пожарникари и од месното население 3 доброволци со 1 ПП возило на ДПД Кочани и 3 вработени од ЈПКД Облешево.
ТППЕ Штип известува дека во период од 18:30 до 19.15 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с. Таринци во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари.

Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово во која се наведува дека во период од 18:15 до 19:55 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на опожарено стрниште и грмушки во атарот на с. Никуштак.
ТППЕ Ранковце известува дека во период од 17:40 до 19:40 интервенирале на опожарена нискостебелста шума и ниска вегетација во атарот на с. Отошница во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 7 пожарникари опожарена површина од 1 Ха