1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во сообраќајки во Скопје повредени велосипедист и мотоциклист

Вчера во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ и ул.„Св.Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило „гранд чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Ф.(37) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.А.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Истиот ден во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Втора Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(25) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК