23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апасиев: СДСМ додадоа 5 отсто на трошоците за брзи кредити

Пратеникот и лидер на Левица во статус на Фејсбук се осврна на измените на Законот за финансиски друштва изгласани од пратениците неделава.

-Да ви ја нацртам забеганоста на СДС на Нашата Земја: според важечката легислатива (Законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити) – вкупните трошоци не смеат да бидат повисоки од 55% од главницата на кредитот.

Според измените на Законот за финансиски друштва, донесени пред некој ден, вкупните трошоци не смеат да надминат 60%!?
Значи, додаваат 5% – а држат пресови дека ставиле “крај на должничкото ропство”!?

Дале сте бе вие нормални, племе едно одродено антинародно? – вели Апасиев во статусот на Фејсбук.