7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Државјанки на Албанија, Косово, Србија и Украина приведени во објекти во гостиварски села

Вчера во периодот од 01.20 до 02.45 часот, полициски службеници од Оддлението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Тетово и Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка при Регионалниот центар за гранични работи „Север“ извршиле контрола во угостителски објекти во гостиварските села Врапчиште и Неготино, сопственост на Ф.Б. и С.Т., извести МВР.

– При контролата, во објектите биле затекнати 16 странски државјанки (Албанија – 7, Косово – 3, Србија – 1 и Украина -5) кои престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој, соопшти МВР.

Тие биле приведени во ОВР Гостивар и против нив се поднесени барања за поведување прекршочна постапка по Закон за странци, а од страна на судот им се изречени парични казни и прекршочни санкции.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК