Во маркетите некои видови јогурт се поскапени од 5 до 7 денари.
Зголемена е и цената на урдата за 5 до 10 денари во зависност од производителот, а има зголемување на некои видови сирења.
Одмрзнувањето на цените од први јули повторно ги врати стравувањата на граѓаните дека трговците ќе се обидат да направат поголем профит на грбот на народот.
Чудно е како е можно многу производи од македонските компании да бидат поскапи отколку во странство, велат граѓаните.