Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Големо невреме и во Беровско – Ситуацијата е опасна, патни правци се во прекин

Регионалниот ЦУК Штип известува дека од понарникарите на ТППЕ Берово има известување дека Општина Берово е зафатена со пороен дожд и град. Патниот правец Берово-Виница е во прекин кај с.Смојмирово бидејки е надојдено многу вода од Колачински поток.

Исто така, ЦУК известува дека има информација дека Смојмирска река е многу надојдена и има штети по земјоделските површини и има поплавено неколку објекти. Се уште нема конкретно колкава штета има, бидејки невремето се уште не стивнало во моментот на информирање.

Можеби ќе ве интересира

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

C +

Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

C +

Важна вест за скопјани: Утре и задутре сообраќајот на овие сообраќајници ќе биде ПОД ПОСЕБЕН РЕЖИМ!

ДЕСК