На 22.06.2023 околу 00.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот В.И. од гостиварски Градец. При претрес во угостителски објект и помошни простории во ова село, кои ги користел, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 21.06.2023 полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.Ј.(27) и Г.М.(30), двајцата од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
На 22.06.2023 во 01.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 21.06.2023 во 23.20 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Ј.(26) од с.Черкези, кумановско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.06.2023 околу 03.00 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар пронашле бела прашкаста материја. Подоцна, во врска со настанот, во Полициската станица Гостивар на службен разговор било повикано 56-годишно лице од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.