„Наместо зачувување и заштитата на националниот идентитет и јазик, СДС единствено што мислат се тендерите, криминалот и личното богатење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие во соопштението посочуваат:
„СДС предводени од ДУИ не сакаат договор и за тоа со недели лажат и не се изјаснуваат кои од двата предлога за заштита на националниот идентитет и јазик се прифатливи за нив.
Ковачевски и СДС ја пропуштија историската шанса за Македонија и граѓаните и решија да тргнат во одбрана на бугарскиот диктат за промена на Уставот на штета на државата.
Двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ заштита на идентитетот и јазикот се црвените линии и од нив нема отстапување.
Едно е јасно, ДУИ и СДС немаат 80 пратеници, а со тоа нема да има ниту уставни измени под бугарски диктат. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е последниот браник за заштита на националниот идентитет и заштита од уште едно предавство кое сакаат да го направат ДУИ и СДС.
Граѓаните се изморени од лагите на власта, како и од националните предавства, криминалот и тешкиот живот кои го донесеа ДУИ и СДС. За тоа единствениот излез од овие кризи се избори. Избори од кои бегаат од СДС бидејќи се свесни за катастрофалниот пораз кој им следи“.