8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За 30 см зголемено нивото на водата на реката Вардар кај Демир Капија и Гевгелија

Регионалниот ЦУК Струмица известува за состојбата со р. Вардар од Демир Капија до Гевгелија.

Последното мерење на нивото во 18.30 ч. на р. Вардар кај Демир Капија е 260 см, што е за околу 30 см зголемено од утринското мерење во 07.00 часот.

Засега нема опасност од излевање. За да дојде до излевање во долниот дел од течението, од с.Удово – с.Марвинци и Гевгелија, нивото треба да се зголеми на 350 см.
Состојбата редовно ќе се следи и се известува.

Можеби ќе ве интересира

Внимавајте на оваа измама од која настрадаа многу ПЕНЗИОНЕРИ: Жена остана без 20.000 евра, а добила телефонски повик со лоши вести за нејзината ќерка – откако ги дала парите, сфатила дека била измамена

ДЕСК

Скопската полиција на нозе: Се трага по две исчезнати деца кои имале 14 и 15 години

ДЕСК

Апсење на скопскиот аеродром

ДЕСК