Авганистанец фатен како пренесува мигранти преку грчката граница во Македонија.
Според информациите, тој им наплаќал на лицата за премин на границата и влез во Македонија.
„На 15.06.2023 околу 20 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода С.З.(26) од Авганистан. Претходно, на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија, тој бил затекнат со уште четири лица мигранти (двајца од Сиера Леоне и двајца од Конго) и по преземени мерки било констатирано дека С.З. ги пренесувал лицата преку државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија и за тоа им наплаќал“ соопшти МВР.
Мигрантите биле спроведени во прифатно – транзитен центар Винојуг, а С.З. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.