12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во судир на автомобил и мопед повредено едно лице

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа во Скопје.

Според информациите, несреќата се случила вчера на булеварот Партизански одреди помеѓу автомобил „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В. Г. (58) од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од С. Т. (30) од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

C +

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

ДЕСК

Битиќи: Најмногу се поскапени земјоделските производи – директен удар врз стандардот на граѓаните

ДЕСК