Изјавата на Османи дека ДУИ е спремна да излезе од Владата беше неочекуван потег за Мицкоски и го стави во тешка позиција, вели политичкиот аналитичар Бесим Небиу, коментирајќи ја подготвеноста на ДУИ да излезе од владината колаиција доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени за воведување на бугарската заедница во преамбулата, како единствен услов Северна Македонија да продолжи без пречки на својот пат кон ЕУ.
„Изјавата на ДУИ дека е спремна да излезе од Владата беше неочекуван потег за Мицкоски и го стави во тешка позиција. Без разлика дали навистина ќе се случи, на виделина излезе дека за Мицкоски прашањето на власт и прашањето на уставните промени се едно и исто, изјави Бесим Небиу за Фронтлајн.
Од друга страна, според политикологот и поранешен член на ДИК, Енвер Салихи, ваквата подготвеност на ДУИ е добредојдена и е со смирувачки ефекти за големата фрагментација на политичката сцена во Северна Македонија.
„Подготвеноста на одредени субјекти да се откажат од власта се добредојдени и со смирувачки ефекти за големата фрагментација на политичката сцена во Северна Македонија. Не би знаел дали вистина би се откажале од власта затоа што оваа беше само една изјава и сите знаеме дека тешко би дошло до промените на Уставот и сè се сведува на давање изјави а не на конкретни акти кои треба да се преземаат. По мое мислење небитно е за граѓаните кој ќе влезе или излезе од владата туку е битно да се обединат силите за промените кои значат за граѓаните“, изјави Салихи за Фронтлајн.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку министерот за надворешни работи и портпарол на партијата, Бујар Османи, соопшти дека се подготвени да поддржат Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат на сила пред формирањето на таа влада.
„Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, истакна Османи.
Дестан Јонузи
извор Frontline.mk