Хаос во Неготино по силното невреме. Поплавени куќи, деловни објекти и трафостанца на ЕВН информираат надлежните.
За поплавата во ЕВН било реагирано навреме од страна на пожарникарите, при што за среќа немало проблем со електричната енергија во градот.
Во текот на денот од 11.45 до 12.30 часот на подрачјето на Општина Неготино се случило невреме, пропратено со врнежи од дожд, соопшти ЦУК во информацијата во која се вели дека врнежите биле обилни и истите предизвикале поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница.
Имало поплава на станбен објект (куќа). неготинските пожарникари имале полни раце работа и со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 противпожарни возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода реагирале низ градот.
Предизвикана е материјална штета.