Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фондација Заев: Имаме успешна жена специјалец, ја брани македонската безбедност

Да се биде полицаец значи да се биде доследен на својата професија, чесно и одговорно да се извршуваат професионалните задачи и да се биде пример за сите граѓани. Полицијата е наш бескомпромисен чувар на законот и јавната безбедност.

Специјалната Антитерористичка Единица Тигар е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал спроведувајќи највисоки борбено-технички задачи.

Припадниците на оваа единица се свесни какви ознаки носат на својата униформа и дека таа чест и привилегија од секој нејзин припадник бара крајно професионални и специфични вештини.

Како припадничка на САЕ Тигар, Виш инспектор и преговарач, со нејзината успешна приказна, нејзиното знаење и искуство е подготвена да одговори на сите предизвици и воедно да докаже дека во нашата земја може да се успее и како специјалец и како жена.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК