Centar.mk
ЛОКАЛНО

МОН: Струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“ доби ново спортско игралиште

Продолжуваат инвестициите во образовна инфраструктура насочени кон подобрување на условите за едукација и спортски активности на децата и младите. Денеска беше свечено отворено новото спортско игралиште во струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“, со што средношколците добиваат модерен простор каде ќе ги реализираат часовите по физичко воспитување и каде ќе можат да се организираат рекреативни активности фудбал, ракомет, кошарка, одбојка.

Обиколка на новото игралиште направија министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и директорката на гимназија „Др.Ибрахим Темо“ Бесиме Јонузи. Инвестицијата е финансирана од блок дотациите што ги добива училиштето, во соработка на локалната самоуправа и ресорното Министерство.

Министерот Шаќири им посака на учениците активно да го користат игралиштети и да постигнуваат високи спортски резултати. Исто така, денеска им беа доделени признанија и награди на учениците од девето одделеније со најдобри есеи на тема “Училиштето мој втор дом”.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК

ПРАЗНИЧЕН БОНУС ОД 6.000 ДЕНАРИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ: Градоначалникот ја соопшти убавата вест

ДЕСК

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

ДЕСК