Зајакнувањето на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска во делот на правосудството како и градењето на капацитетите за водење на преговорите во делот на Поглавјето 23: ,,Правосудство и темелни права”, беа главните теми на кои во Шибеник разговараа министерот за правда Кренар Лога и министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица.
На средбата се разменија мислења за прашања преку кои нашата држава може да извлече практични и корисни искуства од Хрватска значајни за евроинтегративниот процес.
Разговарано е за процесот на ветинг како и организирање на заеднички работилиници на кои ке се разменат мислења за најдоброто можно решение.
Една од темите на разговор беше процесот на дигитализација кој во Хрватска бележи голем напредок и дава огромни резултати.
Министерот Лога го покани Маленица ва официјална посета на Скопје. Хрватскиот министер изрази подготвеност Хрватска да ни помогне во сите реформски и евроинтегративни процеси. Договорено е да се потпише и Меморандум за соработка меѓу двете министерства.
На билатералната средба која се одржа на маргините на Самитот за сајбер криминал на Југоисточна Европа во Шибеник, се разговараше и за искуството на Хрватска во сузбивањето на организираниот криминал и корупција, како и за имплементацијата на билатералните договори меѓу двете држави и закондавната агенда.
Самитот го организираше Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска и Министерството за правда на САД и на него учествуваат високи претставници на земјите од Југоисточна Европа и САД.