Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Кавадарци, пронајдени амфетамин, хероин и марихуана

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М. М. (35) и Г. Н. (36), двајцата од Кавадарци. Околу 19.10 часот бил забележан Г. Н. како со патничко возило „форд“ влегува во дворот на М. М. и како разменуваат нешто, а кога излегол од дворот, на улицата 7 Септември бил извршен преглед во возилото и бил пронајден хероин.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М. М., при што биле пронајдени и одземени амфетамин, хероин, марихуана, дигитална вага и пари во разни апоени.

Двајцата биле приведени во Полициската станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК