Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
На Листата на должници бр.05/2023 објавени се 1.791 должници – правни лица (повеќе за 68 од претходната листа) и 3.404 физички лица (повеќе за 78 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2023 изнесува 8.548.751.260 денари, повеќе за 488.909.829 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.340.100.314 денари, повеќе за 489.302.639 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 208.650.946 денари (помалку за 392.810 денари од претходната листа).
Листата е достапна на следниот линк.