Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата трага по исчезнатите девојчиња од Струмица кои попладнево се изгубија во Скопје

Полициски службеници трагаат по исчезнатите две девојчиња на возраст од 12 и 14 години на кои според првичните информации им се губи секаква трага нешто пред 16 часот попладнево.

Двете девојчиња биле од Струмица дојдени во Скопје на школска екскурзија.

Според познатите информации исчезнувањето во полиција го пријавила нивната наставничка која последен пат ги видела девојчињата пред Трговскиот центар „Веро Џамбо“, од каде што најверојатно се упатиле кон централното подрачје на Скопје.

Од полицијата го потврдија случајот, а пријавата стиигнала денеска околу 16 часот.

Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК