Во текот на изминатата вечер (01.05.2023)во периодот од 17.00-22.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 34 возачи.Од нив 14 на територија на Битола , 6 во Прилеп ,5 во Демир Хисар по 3 во Македонски Брод и Ресен и 2 во Крушево.За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.