5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

СДСМ: Муцунски го турка спорниот ДУП, Антикорупциска да постапи за случајот парцели во Лисиче

Соопштение на СДСМ:
Преку јавна анкета, граѓаните на населба Лисиче, јасно му порачаа на градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски дека се против изградба на девет нови згради.

Иако од тогаш поминаа, десеттина денови, Муцунски ги игнорира интересите на граѓаните и наместо да ги избрише спорните маркички, тој го турка Деталниот урбанистички план кој е против интересите на граѓаните.

За овој случај треба да се произнесе и Државната комисија за спречување на корупција, затоа што постојат информации дека одредени градежни компании купиле нива од 1.000 метри квадратни на локација каде со новиот ДУП се предвидува највисоката зграда.

Пред изборите Муцунски на граѓаните им ветуваше зеленило и паркови, а сега им нуди бетонизација и парцели за висококатници, во реон со куќи и зеленило.

И Муцунски и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ не сработе ништо во изминатиот период, но затоа дејствува спротивно од интересите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Герасимовски: Инвестициите во спортот се наш приоритет, фискултурната сала во Димитар Миладинов со нив лик

ДЕСК

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

ДЕСК

Герасимовски: Поставивме нови паркинзи за велосипеди и тротинети во Центар, грижата и безбедноста за велосипедистите најважни

C +