Осум лица од Скопје се уапсени. Кај дел е најдена прашкаста материја, кај други марихуана. Од МВР известија дека во Карпош имало и претрес, а во домот на 49-годишен скопјанец била најдена марихуана.
„Вчера во 03.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во 03.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во 07.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР за акциите спроведени доцна ноќеска.
Акции имало и вчера.
„Во 15.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во 19.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Д.(38) и З.Н.(35), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во 06.15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(49) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во 19.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(22) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се додава во полицискиот билтен.