24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возеле пребрзо во населени места – 112 казни за брзо возење на територија на СВР Битола 

Денеска (12.04.2023) во периодот од 11.00 до 17.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 112возачи. Од нив,19 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.