11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Шалтерите за наплата, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на велигденските празници, во петок (14.04.2023) ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, додека пак во сабота (15.04.2023) и понеделник (17.04.2023), нема да работат

Шалтерите за наплата, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на велигденските празници, во петок (14.04.2023) ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, додека пак во сабота (15.04.2023) и понеделник (17.04.2023), нема да работат.
Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, 18.04.2023.

Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието. Информациите поврзани со фактурите и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата распоредени на неколку локации во градот: Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје, ГТЦ на приземје, Капитол Мол во Аеродром и Сити Мол во Карпош.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Следната година буџетот за култура ќе изнесува 26 милиони денари, ги поддржуваме македонските изведувачи

C +

Герасимовски: Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“

C +

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

C +