22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсен 57-годишен маж, намерно ја запалил неговата, а сакал да ја запали и куќата на близок роднина

Вчеравечер, околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А. А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и во блиската плевна.

Тој, според пријавеното, сакал да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово.

Денеска, според полицијата, ќе се изврши увид и ќе се расчистува и документира случајот.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК