2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги изневери скопјани, со ВМРО-ДПМНЕ Скопје уназадува

Соопштение на СДСМ:

На Град Скопје му се случува катастрофа поради неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Шпицниот градоначалник и заложник на Димитар Апасиев и Левица беше тој кој ја промовираше Арсовска и бараше поддршка за неа претставувајќи ја како најуспешна менаџерка.

Денес Град Скопје уназадува токму поради неспособноста на Арсовска и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги изневери граѓаните на Скопје, со Арсовска Градот тоне во безидејност и бесперспективност, нема реализација на нови и продолжување на наследени проекти, но затоа има кавги за медот и партиски вработувања во градската администрација.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +