24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вељаноски до Џафери и пратениците: Место да молчите и да чекате на Влада, итно укинете го членот 11 кој ги зголеми платите

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски преку отворено писмо им се обрати на спикерот Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Алтернатива, Беса, Левица и другите учесници на координативните средби.

Тој вели дека почувствувал потреба, како долгогодишен претседател на Собранието, да им укаже на неколку елементарни аспекти поврзани со одлуката на Уставниот суд од 21 март 2023 година, а во вррска со зголемувањето на платите на избраните и именувани функционери.

Вељаноски предлага со Законот за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица да се избрише членот 11, со кој се предвидува основицата за пресметка на плата да биде просечната месечна плата. Тој додава дека не треба да чекаат на Владата да им достави текст на Закон, бидејќи ќе се изначекаат.

„Наместо да молчите, свикајте ад-хок координација согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание и донесете Заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а службите во Собранието професионално ќе си ја извршат задачата и за неполн час ќе го изготват Законот. Ова законско решение потоа, по итна постапка можете да го донесете уште истиот ден на итна седница и тоа ќе стапи во сила уште веднаш.

Наместо тоа, предлагам да додадете нов член во Законот со кој ќе се утврди фиксен износ кој соодветствува на сегашните примања и на тој начин ќе се постапи по одлуката на Уставниот суд и нема да има двојство во нормирањето. Овој предлог сфатете го како добронамерна идеја која има за цел да оневозможи да се прекрши гневот на граѓаните кон пратениците и кон Собранието како носител на закони бидејќи во минатото имало многу примери кога владата и министерствата ја префрлале одговорноста за некои непопуларни и погрешни потези кон пратениците и кон Собранието“ вели тој.

Вељаноски му честита на Уставниот суд, за, како што вели, експресното постапување по иницијатива за укинување на законските одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, секако свесен од минатото дека мотивот и нарачетелот на такво експресно постапување може лесно да се лоцира надвор од оваа институција, наведува Вељаноски во писмото.