22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

35 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, девет возила упатени на вонреден технички преглед

Денеска (04.04.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 35 сообраќајни прекршоци, од кои 10 за непрописно вклучување во сообраќај, 10 за возење без сообраќајна дозвола, седум за користење мобилен телефон за при возење, пет возила се исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол…

На вонреден технички преглед биле упатени девет возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.

Можеби ќе ве интересира

Директорот на Царина, Бобан Николовски: преку координирана соработка со АХВ, делуваме за фер пазар и спречување царински измами со храна

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски сака да го суспендира Уставот и волјата на граѓаните!

ДЕСК

Мицкоски: Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен

ДЕСК