Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драстична промена на времето: Снег ќе го прекрие овој дел од Македонија, значително намалување на температурите

Под влијание на циклонска активност утре ќе има врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2).

На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег. Врнежи се уште ќе има и во вторник претпладне, а во западните делови во повисоките подрачја се очекува формирање на снежна покривка.

Утре, а особено во вторник ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура.

Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, во среда се уште со услови претежно на планините да провејува слаб снег.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК