26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Промоција на поетска книга „Простори на љубовта“ од Сузи Тенева

Во мултимедијалниот културен центар Матица ексклузив од Скопје, на 21 март во 19 часот, проф. д-р Лидија Дракулевска-Капушевска ќе ја промовира книгата насловена „Простори на љубовта“ од поетесата Сузи Тенева, а стихови ќе интерпретира познатиот артист Ѓорѓи Јолевски.

Песните застапени во поетската книга на Тенева прозвучуваат како филозофски сентенци, на моменти – како афоризми, сосема во духот и определбата на авторката, констатира во својата рецензија проф. Дракулевска-Капушевска.