23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Работите тргнаа на подобро: Повисоки пензии за 8,4%, минималната плата достигна рекордни 20.170 денари

Усвоено е усогласување на мартовските пензии, односно покачување за 8,4%.

Историски високо зголемување, нешто што за време на 11 годишниот режим на Груевски беше мисловна именка. Ако за време на режимот на ВМРО ДПМНЕ зголемувањето на пензиите од 400-500 денари им го прикажуваше како вселински успех на пензионерите, сето ова како којзнае каков проект по цели недели беше рекламирано по македонските меинстрим медиуми, сега тоа не е случај.

Во оваа 2023 година освен оваа мартовско усогласување на пензиите, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата.

Што значи за една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16% или од првиот ден на оваа новиот состав на Владата, јануари минатата година со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% што никогаш досега во историјата на државата се нема случено.

Невиден пораст и на минималната плата
Минималната плата која во 2016 изнесуваше нешто над 10.000 денари, денес изнесува над 20.000 денари, а од следната таа ќе биде над 23.000 денари и покрај противењата на опозицијата.

Според пресметките на социјалдемократите денес 2,1 минимални плати се потребни за потрошувачка кошничка, додека за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни дури 4,5 минимални плати за да се покрие тогашната кошничка.