Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанка се послужила – зела лекови од клиниката во која работела

Полицијата вчера во комплексот клиники „Мајка Тереза“ приведе 28-годишна скопјанка, вработена на една од клиниките.

Од МВР велат дека таа се сомничи за сторено кривично дело послужување.

Имено, при преглед во нејзиното возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени лекови во вид на ампули, кои ѝ биле доверени и за кои била задолжена на клиниката каде што била вработена, соопшти полицијата.

Предметите биле одземени и вратени на одговорното лице во клиниката.

Со А. О. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Неочекувано топли денови ни доаѓаат — еве што нè чека до 15 декември

ДЕСК

Утре сончево време со температура до 15 степени

C +

СДСМ ОБЈАВИ: Британската телевизија GBN го потврдува договорот за мигранти: Ќе ве стационираме во Македонија!

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.