24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Спасовски: Обезбедивме квалитетна услуга во делот на исхраната за припадниците на специјалните полициски единици, задоволна полиција е гарант на безбедноста

Министерот Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР денеска беше во посета на полицискиот центар „Ѓорче Петров“ и изврши увид во функционирањето на новиот концепт на исхрана на полициските службеници од повеќе специјални единици, што веќе една недела се применува и во мензата на ЕБР, а се покажа успешен во рамките на Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“.

„Денеска, кујната и ресторанскиот дел се отстапени на економски оператор по претходно спроведена транспарентна јавна набавка, при што од операторите се бараше да исполнат високи стандарди, со воспоставен контролен механизам од страна на МВР. Со ова обезбедивме квалитетна услуга во делот на исхраната за припадниците на специјалните полициски единици, набавката на храна се одвива на поедноставен начин од страна на професионален оператор, чија примарна дејност е работа во областа на исхраната, кој е должен да ги следи и имплементира високите стандарди во овој процес“, изјави пред медиумите министерот Спасовски за новиот концепт на исхрана.

Министерот Спасовски информира дека со доаѓањето на ова раководство во Министерството како дел од стратешките приоритети беше и целосното опремување и унапредување на условите за работа на полициските службеници.

„Функционирањето на безбедносниот систем е основа за функционирање на правната држава, а со тоа и на економијата и прогресот на државата и во таа насока продолжуваме да ја реформираме и унапредуваме полицијата“, истакна министерот Спасовски.