Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи во Брисел на средби во НАТО и ЕУ

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Османи, денес и утре е во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари средби со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и со потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, како и со заменикот на генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.

Покрај презентацијата на програмата на ОБСЕ, на средбите во Европската Унија ќе бидат разменети мислења и за можностите за продлабочување на соработката со ОБСЕ, пред сè, со Европската комисија и со институциите на ЕУ, со посебен фокус кон улогата и работата на теренските мисии на Организацијата во поширокиот регион на Југоисточна Европа.

Во рамките на посетата на НАТО, Османи ќе учествува на посебна тематска сесија на Северноатлантскиот совет (САС) на НАТО, на која ќе бидат разменети видувањата за актуелните безбедносни предизвици и улогата на ОБСЕ во одржувањето на стабилноста и безбедноста на континентот.

Покрај Борел и Џоана, Османи ќе оствари посебни средби и со специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, како и со еврокомесарот за кризен менаџмент, Јанез Ленарчиќ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.