24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНE: И денес народот дише загаден воздух, СДС не инвестираше ниту евро за почист воздух

И денес народот дише загаден воздух, СДС од 20 милијарди евра потрошени пари не инвестираше ниту евро за почист воздух, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е централна власт 7 години, и за целиот тој период нема направено ниту една инвестиција, со која би се намалило загадувањето на воздухот. Неодговорноста се пресликува и во нивната коалиција со Данела Арсовска во град Скопје, каде имаат свој директор на чело на ЈСП, а во сред зиме нема доволно автобуси, претпријатието им должи на приватните превозници и нема решение за ништо. Ковачевски и Арсовска се договараат за тендери, но не можат да се договорат да одвојат средства за намалување на загадувањето на воздухот“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски, како што додаваат, наместо да ги мести советниците од неговата партија да држат пресови нека им каже дека соработува со Арсовска и дека имаат директор нивен кадар во ЈСП, кој набави нафта без да обезбеди вообичаен рабат.

Според ВМРО-ДПМНЕ, се што е поврзано со загадувањето на воздухот води до СДС и затоа потребни се избори, се додава во соопштението од опозициската партија