Државното правобранителство кое веќе донело одлука за ништовност на првичниот договор помеѓу општината Маврово и Ростуше со купувачот на парцелата, Незир Сулејмани, бидејќи е направен без дадено мислење од ДП, овојпат ќе настапи со тужба со што ќе се спречи изградба на џамија околу Мавровското Езеро, пишува Локално.мк.
Со последната одлука на Државното правобранителство, шансите за изградба на џамија на заштитено подрачје се еднакви на нула.
Во 2019 година и министерството за транспорт и врски и’ наложи на општината да го раскине договорот со купувачот на парцела во Маврово на која требало да се гради џамија, по што актуелниот градоначалник, Медат Куртовски се обратил до Државното правобранителство.
Инаку, Договорот помеѓу општината Маврово и Ростуше со Незир Сулејмани е потпишан во 2012 година, кога со општината раководеше, Мукрем Мехмеди од ВМРО ДПМНЕ.