„СДСМ го заокружува караванот трибини „Силно и одлучно кон иднината“ со голема национална трибина во Скопје. В сабота, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, со почеток во 18 часот. Ги покануваме сите граѓани, членови, симпатизери, активисти поддржувачи на СДСМ и прогресивните политики кои носат напредок и европска иднина да присуствуваат“, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Масовната присутност на сите 78 реализирани трибини, како што рече Кузеска, „потврдија дека СДСМ ја води државата по вистинскиот пат“.
„Граѓаните не сакаат блокади, не сакаат деструкции туку бараат решенија, кои ние од СДСМ заедно со нив ги креираме и реализираме. Ја покажавме разликата со деструктивното ВМРО-ДПМНЕ, ја покажавме нашата визија за иднината и го покажавме и резултатот од нашата работа во изминатите 10 месеци. Масовноснота и енергијата на трибините потврдува дека СДСМ повторно е на победничките патеки, силна, мотивирана, државничка политичка партија која работи за граѓаните и државата“, дополни Кузеска.
Почнавме преговори со ЕУ, реализиравме два пакети антикризни мерки за помош на граѓаните и паралелно го спроведуваме процесот на реформи важен за европската иднина, но пред се, важен за граѓаните и државата.
„Антикризните мерки ја спасија македонската економија, СДСМ успешно менаџира со последиците од глобалната енергетска и економска криза. Од политичка неизвесност обезбедивме политичка стабилност и извесност“, потенцира Кузеска.